Вести
Во Охрид повторно земјотрес – 3,7 степени по Рихтер
Земјотрес со магнитуда од 3,7 степени по Рихтеровата скала ноќеска во 3:54 часот повторно е регистриран во охридското епицентрално подрачје.
Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, епицентарот бил 6 километри источно од Охрид на длабочина од 6 километри.
Најсилниот земјотрес во Oхридско е почуствуван вчера претпладне во 11:39 часот со магнидута од 3,9 степени по Рихеровата скала, со епицентар седум километри северозападно од Ресен, на длабочина од пет километри во земјината кора.



