Актуелно
Во Скопје вчера 10 сообраќајки, деветмина повредени
Во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје се случиле 10 сообраќајни незгоди.
Самостојниот инспектор во СВР-Скопје Драган Вељаноски информира дека сообраќајната полиција вчера регистрирала 10 сообраќајни незгоди од кои 4 се со последица материјална штета, 9 со последици телесни повреди. Со полесни повреди се здобилe 6 лица.
Извршен бил увид на 9 сообраќајни незгоди од кои 4 со последица материјална штета, 9 со последици телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле 6 лица. Се случила и една незгода со непознат сторител.



