Денеска пороен дожд и грмежи, од петок нагло затоплување
Променливо облачно и нестабилно, попладне со пороен дожд и грмежи, најавува УХМР за денеска.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со пообилни врнежи, грмежи, засилен ветер и појава на град.
Во четврток ќе има изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Во петок и за време на викендот се очекува стабилно, суво и топло време со значителен пораст на температурата.

