Сончево и топло со умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи
Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со умерена облачност, околу пладне и попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 24 до 33 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 7.

