Вистинско лето овој викенд – сончево и топло до 36 степени!
Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност.
Попладне во западните делови ќе има услови за краткотрајна нестабилност со пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен претежно северозападен ветер. Минималната температура ќе биде меѓу 10 и 18, а максималната од 28 до 36 степени. УВ индексот ќе биде 9.
Во Скопје ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Температурата ќе достигне 33 степени.

