Студен циклон ќе ја зафати државата – најавен снег и засилен северен ветер
Зимата овој викенд и на почетокот од следната недела на балканот се враќа и тоа поради влијанието на силниот зимски циклон Ален кој уште денеска ќе започне да го зафаќа регионот а кај нас ќе стигне веќе во текот на утрешното попладне и вечерта кон недела, соопшти метеорологот Славчо Поповски.
Поради големиот пад на температурите и северниот ветер во регионот на повисоките места и на планините ќе има поинтензивни снежни врнежи со што на високите места снежната покривка се очекува да достигне дури и над 30 сантиметри, снег во регионот а особено во Босна, Хрватска и Словенија се очекува понекаде да паѓа и на висина помала од 1000 метри а исто така растат условите и за појава на утрински мраз кој и тоа како лошо ќе влијае врз земјоделието.
Во Македонија пак од утре доцна попладне и навечер па се некаде до вторник ќе има повремени врнежи од дожд кој локално ќе бидат поинтензивни и ќе наврнат над 20 л/м2 воден талог. Локално ќе има и нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.

