Временска прогноза
Зимско утро во Македонија – денеска и утре пад на температурите и обилни врнежи од снег
Денеска, под влијание на влажен и студен бран, се предвидуваат врнежи кои ќе бидат претежно од снег, соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Врнежите наместа ќе бидат пообилни, посебно во западните делови. На планините, според прогнозите, ќе се формира значителна снежна покривка со над 30 см снег, додека во пониските места се очекува да паднат од 3 до 10 см снег.
Според УХМР, ќе дува засилен северен ветер, особено во Повардарието, а температурите значително ќе опаднат, при што ќе има и појава на голомразица.

