Актуелно
ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Денеска сончево и топло, од понеделник пад на температурата
Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а попладне ќе има развој на нестабилна облачност со повремен пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Утринската температура ќе се движи од 13 до 21, а дневната од 30 до 37 степени.
Во Скопје слично време, претпладне сончево, а попладне со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 19, а дневната ќе се искачи до 37 степени.



