Вести
ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Сончево и топло, со умерен ветер – од утре заладување
Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен југозападен и западен ветер кој во западните делови ќе засилува.
Утринската температура ќе се движи од девет до 16, а дневната од 27 до 35 степени. УВ-вредноста ќе изнесува 7.
Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 35 степени.


