Актуелно
ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Сончевo, со слаб до умерен северен ветер – од понеделник затоплување
Во Македонија денеска претпладне ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветер. Попладне во северните делови од државата се очекува наоблачување, а долж Повардарието ќе има поизразаен северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од минус три до пет, а дневната од 15 до 22 степени.
