Актуелно
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Облачно со повремени врнежи од дожд и снег
Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно. Претпладне во западните делови со повремени врнежи од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.
Утринската температура ќе се движи од еден до пет, а дневната од четири до 11 степени.
Во Скопје облачно со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до седум степени.


