Вести
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Облачно, со врнежи од дожд попладне
Времето денеска во Македонија ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, особено попладне. Врнежите позастапени ќе бидат во западните делови, каде на планините кон крајот на денот ќе преминат во снег.
На места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и ретки грмежи. Во крајните западни делови се очекува да наврнат и над 20 л/м2. Утре ќе дува засилен ветер од јужен правец, кој на моменти ќе достигнува брзина и над 80 км/час.
Утринската температура ќе се движи од нула до осум, а дневната од 10 до 16 степени.



