Вести
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Претпладне сончево, попладне пороен дожд
Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, претежно во западните делови од земјава и во планинските региони.
Утринската температура ќе се движи од 13 до 20, а дневната од 20 до 37 степени.
Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 36 степени.



