Вести
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Променливо облачно со локален дожд
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд кои повеќе ќе бидат застапени во западните делови на земјава. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од југоисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од два до девет, а дневната од 12 до 18 степени.
Во Скопје слично време, променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд и со умерен повремено засилен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 16 степени.


