Актуелно
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Сончево и многу топло – од утре засилен ветер и заладување!
Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, во југозападните делови повремено засилен ветер од југозападен правец, кој во текот на ноќта ќе го смени правецот во северен. УВ индексот ќе биде 6.
Температурата ќе се движи од 25 до 31степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од југозападен правец. Температурата ќе достигне до 29 степени.



