Актуелно
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Сончево со умерена облачност и температура до 37 степени
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, особено на планините во западните и јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Утринската температура во Македонија ќе биде во интервалот од 11 до 19, а дневната од 29 до 37 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе достигне до 35 степени.


