Актуелно
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Сончево со умерена облачност
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, ќе дува и слаб ветер од западен и северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус еден до седум, а дневната од 16 до 24 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до 19 степени.



