Актуелно
Најмалку тројца загинати во антитерористичка акција во Сен Дени
Најмалку тројца терористи се убиени утрово, а тројца други се уапсени во антитерористичка акција на француската полиција во центарот на париското предградие Сен Дени, каде во еден стан беа збарикадирани повеќе вооружени лица, јави дописникот на МИА од Париз.
Специјалните сили на француската полиција (Раид) рано изутринава почнаа антитерористчка акција во Сен Дени, чија цел е апсење на Абделхамид Абауд, кој се смета за организаторот на нападите во Париз од 13 ноември.
