Актуелно
Вечерва врнежи од снег во целата земја, најмногу во Пожаране и Лазарополе
Снежната покривка измерена во 19 часот е највисока во Пожаране 20 см и во Лазарополе 13 см. Во Скопје на Зајчев Рид се измерени само два см снег, исто колку и во Прилеп и Тополчани, а четири см снег има наврнато во Претор и во Крива Паланка, соопшти вечерва Управата за хидрометеоролошки работи.
Најмногу дожд во изминатите 12 часа, пак, наврнал во Охрид – 19 литри на метар квадратен и во Пожаране и Лазарополе по 14 л/м2, а најмалку во Петровец и Демир Капија од по еден л/м2.
Како што посочуваат од УХМР, во целава земја има врнежи од снег со променлив интензитет, а во Охрид и јужниот дел од Повардарието врнежите се од дожд. Дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, .


