Актуелно
Заев: Мора да има слободни, фер и демократски избори
Претседателот на СДСМ Зоран Заев на прес-конференција по полноќ изјави дека во Македонија мора да има и ќе има слободни, фер и демократски избори.
– На фер избори СДСМ ќе ја преземе одговорноста којашто ќе и ја дадат граѓаните. Промените доаѓаат на слободни, фер и демократски избори, на коишто ќе победат граѓаните, СДСМ и европските вредности, рече Заев.
Тој смета дека мора да се избере нова влада, со полн легитимитет, за решавање на, како што рече, сериозните проблеми и враќање на Македонија на европскиот пат.



