Вести
ЗАЕВ: Република Илинденска Македонија е името за можен компромис со Грција
Република Илинденска Македонија е опцијата, која ја разгледале како најприфатлива македонскиот и грчкиот премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас на преговорите во Софија, а за кој денеска премиерот Заев ги информирал учесниците на лидерската средба во Скопје.
– Информирав за последната фаза од преговорите за спорот за името. Со целосна одговорност, внимателност и посветеност на државните интереси ги информирав претседателот на државата, на Собранието, лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ дека владите на Македонија и Грција разогвараа за опција и решение, кое може да биде прифатливо и за двете страни. Република Илинденска Македонија е можен компромис, на англиски Republic of Ilinden Macedonia, на албански Republika Ilindenase e Maqedonisë, изјави Заев.
Истакна дека со овој предлог се зајакнува темелот на нашата држава. Илиден, додаде е нашата светла иднина, со ова име го зајакнуваме нашиот идентитет, а македонскиот Илинден е гаранција за мултиентичка Македонија.



