Занимливости
Алкохолот може да им помогне на луѓето потечно да зборуваат странски јазик
Неодамнешна студија, објавена минатата недела во списание за фармакологија, покажува дека мали количини алкохол можат да им помогнат на луѓето подобро да зборуваат странски јазици.
Студијата, со која се опфатени 50 говорници на германски јазик а кои студирале холандски јазик, покажа дека оние кои повремено пијат алкохол го положиле испитот со повисока оценка.
Половина од испитаниците добиле малку алкохол, согласно нивните телесни пропорции, а другата половина добиле вода. Потоа разговарале на холандски јазик со испитувачите, а разговорот се снимал. Снимката ја слушале изворни говорници на холандски јазик, кои не знаеле дека учесниците пиеле алкохол и го оценувале квалитетот на нивниот јазик.




