Занимливости
Баба на 93 години замина во Кенија да волонтира
Баба Ирма од Италија одлучи на 93 години да отпатува во Кенија, каде што три недели ќе волонтира во сиропиталиште.
Фотографија, на која баба Ирма со едната рака се потпира на бастум, а со другата влече црвен куфер, на Фејсбук сподели нејзината внука Елиса Колтро.
– Погледнете ја, дали може некој да ја спречи, напиша внуката под фотографијата.




