Занимливости
Најголемиот дијамант од Боцвана продаден за 53 милиони долари
Необработен дијамант пронајден во африканската држава Боцвана, за кој се смета дека е најголемиот дијамант пронајден во изминатите 100 години, беше продаден за 53 милиони долари.
Британската компанија Граф го купи дијамантот и најави дека ќе ги ангажира своите најдобри експерти за да испланира како најдобро да се исече овој огромен скапоцен камен, јави новинската агенција ДПА.
Дијамантот, кој е со големина на тениско топче, беше пронајден во рудникот Лукара Карове во северниот дел на Боцвана. Тој тежи 1.109 карати и е наречен Леседи Ла Рона, што значи Нашата светлина на јазикот на локалниот народ Цвана.




