Занимливости
Новогодишната елка во Рим оценета како „најгрда во светот“
Судејќи според коментарите на социјалните мрежи, Рим има најгрда божиќна елка во светот.
Ова тажна „елка на штедењето“, како што беше наречена името на интернет, се наоѓа на „Пјаца Венеција“ и со својот изглед многу ги разлути жителите на главниот град на Италија.
Светилките на елката ги запали градоначалникот на Рим, Вирџинија Раги, додека децата одбројуваа до моментот нивното светнување, таа најави дека „елката ќе светне и се ќе сјае“. Но, кога несреќните свеќички се запалија, се слушна само подсмев и чудење, пишува бесникот „Локал“.




