Магазин
Британскиот „Мирор онлајн“ пишува за убавините на Охрид
Величествената Македонија – една од неоткриените убавини во Европа, е насловот на статитијата во која за британски Мирор онлајн, Лора Милор напиша статија во која ги опишува убавините на Македонија.
– Речиси девет часот наутро, се наоѓам во едно од кафулињата на кристално чистото Охридско Езеро. Сопственикот ми препорача да пробам рибја чорба за појадок. Поминувам една недела во Македонија и веќе пробав печени полжави, пита исечена на мали парчиња и големи колбаси во вообичаеното време за јадење, така што само реков „Кога е во прашање Македонија – целосно очекувам чинија полна со рибји глави и опашки“. Но, ми донесоа прекрасен оброк подготвен од свежа, штотуку уловена риба. Сето тоа ме чинеше помалку од 1,2 фунти, се наведува во статијата.





