Занимливости
Чешка е најлиберална земја од ЕУ во користење на алкохол и цигари
Ако сакате да уживате во нездрава храна, алкохол и цигари, одберете ја Чешка за дестинација.
Вака може да звучи рекламата за земјата, ако се суди по резултатите на студијата на Институтот „Епицентар“, (Европски информативен центар за политика), што е независна иницијатива на шест водечки тинк-тенк организации од целата Европска унија.
Според авторите на студијата, со истражувањето се потврди чешката репутација за „пристаниште на слободата“ и тоа пред се затоа што не го ограничува нудењето алкохол во рестораните, дозволува негово рекламирање, како и нудењето на електронски цигари.




