Магазин
Одбележан 2 април – денот на лицата со аутизам (ФОТО)
Одбележувањето на 2-ри април – Меѓународен ден на лицата со аутизам, што се одржа во Едукативниот центар во Зоолошката градина во Скопје, под покровителство на сопругата на Претседателот на Република Македонија, г-ѓа Маја Иванова, а во организација на Здружението за третман на лицата со аутизам, АДХД и Апсергеров синдром – “Во Мојот Свет“ изнуди насмевки на многу дечиња со аутистичен спектар на нарушувања,нивните родители и сите присутни.

Како организатори на настанот се појавија и мајките членови на здружението Весна Андреева, Аниса Трпевска, Валентина Попоска и Жижа Бејковска.





