Видео
Човек се обиде да го спречи, но роботот ја исполни својата цел (ВИДЕО)
Американската компанија „Бостон дајнамикс“ ја тестираше способноста на својот робот Спотмини да се прилагодува на условите и пречките додека отвора врата и минува низ неа.
Човекот, кој го доведе роботот до вратата, му ја покажа кваката и му даде комада „Напред!“. Роботот потоа самостојно продолжи да ги извршува останатите операции.
Камерата, која е сместена во роботската рака, ја лоцира положбата на кваката, додека камерата инсталирана во телото на роботот одредува дали вратата е отворена или не и управува со машината додека минува низ неа.




