Видео
Делфини на туристите им го разубавеа крстарењето на црногорското крајбрежје (ВИДЕО)
Мајкл Бадер, германски државјанин кој живее и работи во Бар бил пред два дена на крстарење и успеал да сними неколку делфини.
Видеото е снимено во неделата по враќањето од Плажата на кралицата кон пристаништето на Бар во раните попладневни часови.
Бадер кој е сопственик на апартманот во Утјеха изјави дека гостите од странство биле воодушевени од глетката која ја виделе на црногорското крајбрежје.




