Магазин
ДОЛЧЕ И ГАБАНА: По нашата смрт нема да има нов дизајнер
Модните креатори Доменико Долче и Стефано Габана не планираат да ја продадат својата компанија, истакнувајќи дека по нивната смрт никој нема да ги наследи нивните места.
– Кога ќе заминеме од овој свет, не сакам некој јапонски креатор да почне да работи за Долче и Габана, истакна Стефано, додавајќи дека тој и Доменико по прекинот на љубовната врска одлучиле да не ја продаваат модната куќа, ниту да ја наследи некој од нивните семејства.
Габана додава дека не би сакал, во случај на смрт, да го наследи „некој роднина кој не знае ништо за бизнисот и на тој начин да ја уништи фирмата“.




