Занимливости
Изнесувањето на „Мона Лиза“ од Лувр чини 35 милиони евра
Позајмување на познатата уметничка слика „Мона Лиза“ од Леонардо да Винчи, на друг музеј, би чинело меѓу 30 и 35 милиони евра за три месеци, соопшти парискиот музеј Лувр, што е сопственик на сликата.
– Преместување на сликата во друг музеј на изложба, што подразбира симнување, обезбедување и преместување во заштитното стакло, трошоците за специјалниот превоз, амбалажата и финансиската загуба за Лувр додека сликата не е во музејот, чини меѓу 30 и 35 милиони евра, соопшти Управата на музејот.
Лувр во тој случај би имал губиток од околу 13 милиони евра, велат официјалните податоци.




