Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ФОТО: Новиот Porsche Targa 4S пристигна во салонот на „Порше Македонија“

Занимливости

ФОТО: Новиот Porsche Targa 4S пристигна во салонот на „Порше Македонија“

„Порше Македонија“ ја прошири својата понуда со врвниот модел од семејството Targa – Porsche Targa 4S.

Македонските вљубеници во врвните автомобили имаат единствена можност да уживаат во овој раскошен автомобил, кој во Европа дури наскоро ќе започне да се испорачува кон клиентите. Убавецот со својот беспрекорен дизајн и надмоќен изглед веднаш започна да го привлекува вниманието на посетителите во салоните на „Порше Македонија“.

Овој модел за прв пат го комбинира класичниот Targa концепт со врвната технологија за придвижување на покривот. Исто како и легендарниот оригинален Targa модел и новиот модел има карактеристичен широк Б -столб , подвижен покрив во делот над предните седишта и заоблен заден прозорец без Ц столб. Но за разлика од класичниот модел, покривот кај новата Targa може да се отвори и да се затвори со едноставно притискање на едно копче.

Со своите карактеристики, новиот модел 911 Targa се претставува како високо квалитетен иновативен римејк на класиката од 1965 година. Комбинацијата на широк заден дел, типичен за моделите со погон на сите тркала, и Б столбот типичен за Targa моделите му даваат на моделот исклучителен спортски изглед.

Врвниот модел е 911 Targa 4S , кој има 400 КС (294 kW) и мотор со работна зафатнина од 3,8 литри. Овој модел ја достигнува максималната брзина од 296 km/h, опремен е со Porsche двојна спојка (PDK) и спортски Chrono пакет, а забрзува од 0 до 100 km/h за 4,4 секунди . Потрошувачката на гориво варира помеѓу 10,0 и 9,2 литри на 100 km.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.