Видео
ВИДЕО: Нова „Гугл“ игра го „претвора“ вашиот смартфон во светлосен меч
Компанијата „Гугл“ се приклучи кон глобалната прослава на премиерата на најновото продолжение на познатата франшиза „Војна на ѕвездите‟, па за љубителите на серијалот подготви подарок на тема „Будење на силата‟.
По многуте интересни детали вградени во сервисите на „Гугл“, компанијата сега нуди единствено искуство во новата игра за компјутери и смартфони.
Играта „Lightsaber Escape‟ практично го „претвора“ вашиот смартфон во светлосен меч, така што можете да уживате во борбата против натрапниците на мониторот на вашиот компјутер.




