Занимливости
ФОТО: Принцот Хари играше рагби со јужноафрикански деца
Кога сте виделе некој припадник на британското кралско семејство во опуштено издание како босоног игра рагби? Одговорот е никогаш.
Но, тоа сега се менува благодарение на принцот Хари, кој се наоѓа во Јужна Африка, каде не можеше да одолее да не заигра рагби со локалните деца.
Без чевлли, во маица со кратки ракави и во шорцеви, принцот се смееше, навиваше и ги бодреше најмалите играчи. Фотографии од случката го обиколија светот.





