Шоубиз
Софија Вергара и Меси заедно на забава во Мајами
Викендов, актерката Софија Вергара (51) беше во ресторанот „Papi Steak“ во Мајами Бич, Флорида заедно со Лионел Меси (36) и неговата сопруга Антонела Рокузо (35) и останатите ѕвезди на Интер Мајами.
51-годишната актерка се појави во црн кожен фустан со корсет од тантела и им позираше на фотографите надвор од ресторанот.
Меси изгледаше лежерно во бела маичка со кратки ракави и отворена црна кошула која ја искомбинираше со црни панталони и црвено-бели патики. Тој беше придружуван од неговата сопруга Антонела Рокузо која носеше црн мини фустан и високи црни чизми.




