Занимливости
Тажната судбина на прасето за кое зборува цела Канада
Канадската јавност е во шок откако во медиумите беше објавено дека брачен пар, кој посвоил виетнамско прасе од прифатилиште во Ванкувер, го изел својот миленик.
Тригодишното прасе Моли било примено во прифатилиштето, откако претходно било одземено од средина во која сурово се постапувало со неа.
Вработените во прифатилиштето се грижеле за Моли се додека брачниот пар не ја посвоил.




