ДИЊА ДИЕТА: Една од полесните диети што гарантираат видлив резултат
Најдобра диета е онаа која нема да ви претставува тежина додека се придржувате до неа. Ако диеталната исхрана ви овозможува да уживате во вкусовите, сигурно ќе биде полесно да издржите подолг период, а со тоа и повеќе килограми ќе изгубите.
Една од полесните диети што гарантираат резултат е диетата со диња и лубеница. Ова овошје содржи висок процент на вода што обезбедува доволно количество на течности во текот на денот. Предности на дињите и лубениците е во тоа што речиси воопшто не содржат масти.
Покрај тоа што содржи многу вода, дињата е исто така одличен диуретик, а содржи малку шеќер – околу 10 проценти. Сто грама диња има само 29 калории. И лубеницата е богата со вода (92 проценти), но има малку повеќе шеќер од дињата. Благодарение на слаткиот вкус, а ниската калорична вредност (100 гр. има само 30 калории) е совршена замена за слатки, поради што често се користи во диеталните начини на исхрана. Лубеницата содржи и ликопен, еден од најмоќните антиоксиданси, кој ја дава црвената боја и освежувачкиот вкус.




