Ресторанот Four го промовираше новото мени кое се темели на eco-friendly концептот
Од денес сите гости на ресторанот Four, освен во уникатниот амбиент ќе можат да уживаат и во вкусовите на новото пролетно мени, кое е само почеток во низата активности во насока на воведување на eco-friendly концептот и водење сметка за заштита на околината, кое ќе се имплементира на ниво на целата Паркленд групација.
Она што е во моментов главен приоритет на ресторанот Four и Паркленд е преку своето работење да се поддржи заедницата и домашната економија, фокусирајќи се исклучиво на локални договори и добавувачи.
Во летното мени, освен што доминираат свежи, сезонски и органски сертифицирани состојки, преовладуваат микро намирници одгледани во домашна градина, на незагадена и хемиски нетретирана почва, користејќи само природни, еколошки, органски и микробиолошки ѓубрива.






