Магазин
КАРДИОЛОЗИТЕ СО НОВ СТАВ: Хипертензија е од 130/80
Американските кардиолози објавија измена на дефиницијата за хипертензија, па сега оценуваат дека таа започнува кога крвниот притисок ќе достигне 130/80, наместо претходниот притисок од 140/90.
– „Висок крвен притисок е дефиниран како систолен притисок од 130 милиметри од живиниот столб и дијастолен притисок од 80 мм“, се наведува во новите насоки објавени во списанието „Хипертензија’ на Американскиот колеџ за кардиологија.
Упатството е претставено неделава, на годишната конференција на Американското кардиолошко здружение во Анахајм, во Калифорнија.




