Американскиот бренд GUESS со моно бренд продавница во Македонија
Уникатната пролет-лето ’20 колекција на американскиот бренд GUESS за 2020 година сјае во центарот на вниманието благодарение на природната убавина на познатата пејачка Џеј Ло, а од денеска љубителите на модата можат да купуваат во првата GUESS моно бренд продавница во која се застапени колекциите на GUESS Jeans и Marciano. Продавницата се наоѓа во Сити Мол во која освен женската, отсега достапна е и машката Guess Jeans колекција.
„За GUESS најважно е тоа што купувачите се на прво место, и секако тие мора да бидат задоволни од брендот. За пролет/лето ’20, инспирацијата за GUESS колекцијата доаѓа од ултра гламурозниот Беверли Хилс. Моделите се во пастелни тонови со изразена силуета, полни со енергија и разиграност. Кај мажите пак, боите се јаки, кроевите храбри со доза на ретро елементи и интересни принтови за свеж, младешки излгед. Повелете во нашата продавница да уживате во купувањето“ велат од тимот на Фешн Груп.





