Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Утре Скопје сити мол ќе изврши противпожарната вежба

Скопје

Утре Скопје сити мол ќе изврши противпожарната вежба

Утре Скопје сити мол ќе изврши противпожарната вежба

Согласно одредбите од Законот за заштита и спасување трговскиот центар Скопје Сити Мол, управуван од трговското друштво СЦМ РЕТАИЛ ДООЕЛ Скопје, на ден 20.10.2020 година ден вторник , со почеток во 07:30 часот ќе изврши тестирање на Системот за заштита и спасување.

Тестирањето ќе биде спроведено со цел да се направи проверка на функционирањето на Кризниот Штаб на Трговскиот Центар и на универзалната единица – просторните сили за заштита и спасување, како и начин да се тестираат протоколите за реакција во кризни ситуации.

Главната цел на вежбата е СПРАВУВАЊЕ СО ПОЖАР и евакуација на сите присутни вработени и посетители во Скопје Сити Мол , како би биле подготвени за управување на најдобар можен начин со можни ризици и вонредни ситуации.
Евакуацијата ќе биде спроведена од страна на мониторинг центарот, оперативците од Агенцијата за обезбедување ОСА, како и учество на вработени од службата за хигиена во молот ХАУЗ МАЈСТОР ПЛУС.

Противпожарната вежба ќе биде изведена под надзор на стручни лица од Бригадата за противпожарна заштита и Кризниот Штаб на Универзалната единица за заштита и спасување на Скопје Сити Мол.

За време на вежбата строго ќе се почитуваат препораките за заштита од Ковид 19.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Скопје

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.