Занимливости
Точкесто Езеро – едно од најнеобичните места во светот
Одамна е познато дека во светот има секакви природни феномени, но дека може да се налета на езеро полно со точки, тоа, барем на поголрм број луѓе, никогаш не би им паднало на памет.
Во близина на градот Осојос во канадската покраина Британска Колумбија, се наоѓа Точкестото Езеро, кое го посетуваат туристи од целиот свет.
Својот, во најмала рака, необичен изглед ова езеро и го должи на високата концентрација на разновидни минерали, како што се магнезиумсулфатот, калциумот, натриумсулфатот, среброто и титанот.




