ХОРОР ВО ЖИВО: Инвазија на пајаци во Австралија (ФОТО)
Хорор во живо – тоа накратко е глетката што ја опишале жителите на Викторија, Австралија, каде што илјадници пајаци се појавиле во одделни региони прекривајќи огромни површини со пајажина.
Според експертите, оваа невообичаена појава се случила по обилните поплави кои го уништиле природното живеалиште на пајаците.
Тие дополнително смируваат дека станува збор за појава која е вообичаена за Викторија во текот на зимата, но сепак не до овој степен.





