НОВА ТЕТОВАЖА: Анџелина Џоли му испраќа порака на Бред Пит околу старателството на децата
И додека е во центарот на скандалите, по неколкуте папарацо фотографии каде што се гледа дека му се вратила на поранешниот сопруг, познатата американска актерка Анџелина Џоли го искористи моментот на „слава“ за да ја покаже новата тетоважа.
Познато е дека таа има неколку тетоважи на своето тело, но последната има посебно значење.
Џоли е тетовирана на подлактицата со натпис „Eppur si muove“, познат цитат на Галилео Галилеј и значи „Сепак се врти“, а датира од 1633 година, кога славниот научник бил принуден да го повлече тврдењето дека Земјата се врти околу сонцето.




