Низ објективот
Марко Новески го изеде во првата епизода на „Машки свет“ (ВИДЕО)
Официјално е! Во понеделникот започна проектот „Машки свет“, најновата емисија со уникатна и оригинална содржина наменета „за мажи“?! Емисијата е конципирана да има најразлични содржини, од гостувања на познати личности и нивната дегустација на екстремно лутите ајвари, до совети на стил и начин на живот преку вежбање и исхрана. Сега може да се дознаат сите финеси при избирањето на облеката, кој колку ќе го јаде од 1 до 10, но и по нешто за здравје и фитнес.
„Кога го чув концептот за емисијата, веднаш се пронајдов. Ми се допаѓа свежината која е предвидена да се внесе во медиумскиот етер и затоа прифатив за прв пат да учествувам во проект кој ќе се емитува на социјалните мрежи и YouTube. Мислам дека емисијата ќе понуди разноврсност од содржини, во кои секој еден ќе може да се пронајде“ – изјави водителот Димитар Атанасовски
Во првата епизода од #ЌеГоЈадеш на Димитар Атанасовски друштво му правеше ТВ и радио водителот Марко Новески кој машки издржа до најлутиот ајвар. А за тоа како го направи тоа може да видите на:




