
Низ објективот
МРТВ ќе емитува 4 нови телевизиски канали, еден посветен на децата
Новите телевизиски канали ќе бидат бесплатно достапни за сите граѓани во Македонија и тоа преку терестријалната мрежа како и преку платформите на сите оператори на програми.
Македонската радио телевизија, после големи подготовки и преземени активности почнува со емитување на 4 нови телевизиски канали, информира МРТВ.
Новите канали се МТВ 2 – 24 часовен канал на албански јазик, МТВ 3 – канал за спорт и забава, МТВ 4 – канал за останатите етнички заедници и документарна програма, МТВ 5 – специјализиран канал за детска програма.




