Кралицата Елизабета се појави на настанот „Ројал Аскот“
Оваа година „Ројал Аскот“ повторно се одвиваше пред публика. Бројот на посетители бил намален, а сите морале да бидат тестирани дури три пати. На пристигнување се правеле брзи тестови, а подоцна требало да се направат и други два ПЦР тестови.
Британската кралица Елизабета II (95) се вратила на еден од најголемите и најважни друштвени собири во својата земја, фестивалот на коњски трки „Ројал Аскот“. Претходната година таа го пропушти поради пандемијата и тоа за првпат по 68 години.
Иако претходната година таа не можеше да присуствува, трките ги следела на телевизиски пренос во замокот Виндзор, каде што поголем период помина во изолација.










