Занимливости
Одговор на науката: Еве зошто подобро е да се пие кока-кола од стаклено шише
Биохемичарите конечно обајснија зошто е подобро кока-кола да се пие од стаклено шише и зошто нејзиниот вкус поради тоа е подобар.
Рецептот за овој светски пијалак е ист, без оглед на тоа дали се работи за пластична или стаклена амбалажа. Течноста, регира со полимери во пакувањето и тоа открива дека е подобар вкусот на кока-кола кога се пие од стаклено шише. Полимери се молекули внатре во пакувањето, кои се самоизградуваат од помали единици. Кога имаме конзерви, поточно алуминиумско пакување, полимерите го облажуваат пакувањето и апсорбираат некои растворливи вкусови од пијалакот.
– Иако компаниите кои го пакуваат овој пијалок сакаат да спречат било какви реакции, тие сепак можат да се јават, истакна биохемичарот Сара Рич.




