Занимливости
Пронајден фосил на растение изумрено пред 15 милиони години (ФОТО)
Биолози од државниот Универзитет во Орегон објавија дека откриле нов вид растение, кое пред 15 милиони години останало заробено во килибар.
Биолозите објаснија дека фосилот е пронајден во една пештера во Доминиканската Република, во парче килибар заедно со мноштво инсекти.
Фосилот на цветот од семејството Астериди, најверојатно е претходничка на лозата растенија која брои повеќе од 80.000 видови меѓу кои се и компирот, доматите, тутунот, кафето и растението стрихинос.





